Во Горно Седларце

Многу гости и девојки за нивно забавување затекнати на полноќ во кафеана

Во угостителски објект во тетовско Седларце полицијата и инспектори на  Пазарниот инспекторат околу полноќ затекнале 35 лица, од кои 18 девојки кои ги забавувале гостите. Девојките се државјанки на Албанија, Косово и Украина и тие имале само дозвола за туристички престој.

Ноќеска полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, општина Боговиње, сопственост на А.А.(30) од село Боговиње.

При контролата, извршена од 22 до 1 часот по полноќ, во објектот биле затекнати 35 лица – гости и 18 женски лица кои ги забавувале гостите од кои 14 странски и четири македонски државјанки. За 11 странски државјанки, од коиосум од Албанија, две од Косово и една од Украина, било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во СВР Тетово бил извршен разговор со сопственикот и ќе следува соодветна пријава. Од ДПИ, исто така, ќе бидат преземени мерки по член 206 од Кривичниот законик.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе