Младо момче од Македонија загина во Италија

Дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

Бекири загинал на самото место на несреќата, а возачот М.В.(38), кој има лесни повреди, е приведен бидејќи пијан возел и ја предизвикал сообраќајката. Бекири починал, иако итната помош со масажа на срцето се обидувала да го одржат во живот до доаѓање на хеликоптерот со кој требало да биде пренесен во болница во Анкона, пишува италијанскиот портал ilrestodelcarlino.it.

Бекири бил роден во селото, а неговите родители пред околу 30 години се преселиле во Италија. Тие заедно со братот на Бекири биле во Македонија да го поминат летниот одмор каде и ја слушнала најлошата вест.

Според познаниците, Бекири вечерта се качил во автомобилот „алфа роео 147“ на М.В., кој денот го поминал пиејчи по кафеани во блискиот град, каде се сретнал со починатиот.Тој го повикал заедно да се вратат во Кастиџано, но возачот излетал од еден свиок и по произгувањето од 30-ина метри удрил во дрво.

По приведувањето М.В. имал 1,6 промили алкохол во крвта. Од друга страна, Бекири не бил пијан, ниту пак практикувал да пие.

На самото место пристигнале 118 карабинери и пожарникари кои го извадиле телото на починатиот

Сеjнур Бекири  бил многу добро  интегриран во местото Кастинџано и како што пренесуваат италијанскиот медиум бил ценет од млади и стари.

„Го сакавме затоа што тој беше добар човек. Никој не заслужува таков крај, но тој уште помалку затоа што беше премногу добар човек. Тој го сакаше Кастинџано, тој сакаше да биде во селото толку многу што летото практикуваше да остане тука. Родителите и братот, од друга страна, се вратиле во Македонија да ги поминат празниците, и таму ги дознале трагичните вести“, коментирале мештаните.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе