Кумановско

Млад возач со автомобил покосил двајца пешаци, еден загинал

Еден пешак загинал, а друг бил повреден откако двајцата биле прегазени од автомобил управуван од млад возач, вчера во кумановското село Липково.

 Според полицијата, сообраќајката се случила во 21.10 часот на локалниот пат село Слупчане – Куманово.

Автомобил „бмв“ со кумановски регистерски таблици,  управуван од Р.З. (21) од селото Липково удрил во пешаците Ф.Д.(34) и Б.Д.(39), двајцата од селото Слупчане.

Од ударот Б.Д. се здобил со тешки повреди и починал на пат кон болницата во Куманово. Пешакот Ф.Д. бил полесно повреден.

Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

           

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе