Млад тетовчанец прободен со нож

Вчера околу 23.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Жена-парк на ул.,,Борис Кидрич“ во Тетово дошло до вербална расправија која преминала во физичка пресметка помеѓу М.С. (18) од Тетово, од една страна, и Р.З. и К.В., од друга страна, при што Р.З. со остар предмет му нанел убодни рани на М.С. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.

„Полициските службеници од СВР Тетово веднаш го лишиле од слобода Р.З., кој по насоки на Јавен обвинител е задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово. По документирање на случајот ќе следува поднесок“, информираат од МВР.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе