Мигранти се сокриле во паркирано возило, откриени се на „Табановце“

Во Царинска испостава „Табановце", полициски службеници од Полициска станица Табановце, вчера во задниот товарен дел на паркирано товарно возило пронашле осум лица мигранти, од кои пет од Бангладеш, две од Пакистан и едно од Р.Турција.

Од МВР денеска соопштија дека вчера во 10.30 часот по пријава на М.Б.(53) од Р.Босна и Херцеговина, дека забележал оштетување на товарното возило, со странска национална ознака, кое го управувал, настанато додека бил паркиран во близина на Граничен премин Табановце, извршиле контрола на возилото.

„Притоа, во задниот товарен дел биле пронајдени осум лица мигранти (пет од Бангладеш, две од Пакистан и едно од Р.Турција), кои според пријавеното влегле во товарниот дел додека возилото било паркирано“, се наведува во соопштението од МВР.

За настанот бил известен jавен обвинител, а мигрантите се предадени во Транзитен центар Табановце.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе