Мигранти приведени кај наплатната рампа Смоквица

Кај наплатна рампа Смоквица синоќа во 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и Граничен премин „Богородица" ги лишиле од слобода Ф.Д.(19), кој управувал патничко возило „опел вектра", со штипски регистарски ознаки и 16-годишен совозач, двајцата државјани на Р.Србија, бидејќи при контрола во возилото биле пронајдени девет лица мигранти.

Како што соопштија денеска од МВР, од нив, шест биле кубански, а три индиски државјани.

Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик, возачот и совозачот биле приведени во полициска станица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и ќе се соочат со законски превидените поднесоци, додека лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг" Гевгелија за понатамошна постапка, стои во соопштението.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе