Mигранти од Еритреја биле откриени на регионалниот пат Радовиш – Штип

Тројца мигранти од Еритреја биле откриени изутринава во 3:15 часот на регионалниот пат Радовиш – Штип, пред штипското село Лакавица, во возило со скопски регистарски ознаки.

Како што е наведено во полицискиот билтен, полициските службеници запреле патничко возило „Мерцедес" со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(34) од Скопје, во кое се превезувале тројцата мигранти.

Возачот С.Р. и мигрантите биле приведени во СВР Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против С.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе