Мигранти без документи затекнати во тетовско

Утринава околу 05,00 часот во атарот на тетовско Старо село полицајци од граничната полиција при редовните активности откриле двајца мигранти од палестинските територии кои се движеле на подрачјето. Двајца се задржани за понатамошна постапка.

„Вршејќи редовни активности, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Рогачево затекнале и привеле две лица, според нивното кажување од палестинските територии, кои не поседувале никакви документи за идентификација. Двете лица донесени се и задржани во полициската станица Тетово за натамошна постапка', информираат од СВР Тетово.

На 13 август на царински терминал во Тетово во приколка од камион беа најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, на возраст од 15 до 49 години возачот и мигрантите беа приведени за соодветната постапка.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе