Македонец избоден од Србин на Малта

Малтешката полиција е во масовна потрага по Србин кој е осомничен за наводен обид за убиство во градот Бугиба, во северниот дел од Малта.

Тој е осомничен дека го избодел  58-годишниот Македонец, кој во моментов се наоѓа во критична состојба.

Како што објавува „ТВМ" полицијата добила дојава дека во понеделникот дошло до расправија, по што во болницата бил пренесен повредениот маж.

Повредениот со тешки повреди и крвав влегол во болницата „Матер деи", каде му била пружена лекарска помош, тој сеуште се наоѓа во тешка здравствена сотојба и поради тоа овој случај се третира како обид за убиство.

Полицијата е во масовна потера по сторителот на територијата на целата држава.

Сторителот сеуште не е пронајден, а полицијата ги замоли сите кои имаат некакви информации да се јават во полициската станица.

 

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе