Меѓу загинатите во експлозијата во фабриката во Кочевје има и македонски државјанин

Во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин" во словенечкиот град Кочевје, загинаа петтемина, а меѓу нив има и еден државјанин на Македонија, објавија денеска словенечките медиуми.

Како што соопшти Полициската управа на Љубљана, од останатите четворица загинати, двајца се Словенци, а двајца државјани на БиХ.

Според словенечката полиција, загинатите „се уште не се идентификувани, но се знае дека тројца од нив се странци".

Началникот на Одделението за општ криминал при СВР Љубљана, Валтер Зрински изјави дека засега се уште не може да потврди дали причина за експлозијата е човечка грешка.

„Службеници на криминалистичката полиција продолжуваат да вршат увид на местото на настанот за да им помогнат на форензичарите да ја утврдат точната причина што довела до овој немил настан,“ нагласи Зрински, додавајќи дека кога ќе имаат „издржани заклучоци" од наодите ќе го известат надлежното Јавно обвинителство.

Експлозијата во Кочевје, гратче со околу 8.000 жители во јужна Словенија, се случи вчера околу 8.30 часот, по што надлежните на локалните жители веднаш им препорачаа да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор, иако нагласија дека нема опасност од загадување на животната средина.

Фабриката „Меламин" е основана во 1954 година и вработува околу 200 работници, а името го носи по хемикалијата што ја произведува наменета за покривање на подови и мебел.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе