Медицинска сестра во битолската болница била навредувана и нападната

47-годишната М.М., медицинска сестра во битолската Клиничка болница пријавила во полиција дека била навредувана и нападната на работното место. 

Како што соопшти МВР, М.М. пред два дена во СВР-Битола пријавила дека на 22 јануари околу 16.15 часот во Клиничката болница Битола, додека била на работно место и извршувала работни задачи, била навредувана од две женски лица, а потоа едната од нив физички ја нападнала. 

Се работи на расчистување на случајот.

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе