Мажот кој беше пронадјен мртов во Кавадарци, бил избоден, потоа запален

Започната е истрага за убиство, откако во четвртокот во семејна куќа во Кавадарци беше пронајдено мртво тело на маж. Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починатиот  покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален, соопшти државното Јавно обвинителство.

„Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање на сторителот или сторителите. Веднаш по пронаоѓањето на телото беше извршен увид на лице место, а сега по наредба на јавниот обвинител се вршат и дополнителни увидни дејствија и разговори со повеќе лица“, информира Обвинителството.

Како што беше соопштено завчера, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на местото во семејна куќа во која беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст од 70 години.

Екипата на Итната медицинска помош констатирала смрт со видливи изгореници на телото поради што надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот. При увидот, од местото биле подигнати траги со цел да се утврдаат околностите под кои настапила смртта.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе