Маж со тешки телесни повреди бил донесен на Клиника, по половина час починал

Маж со тешки телесни повреди вчера попладне бил донесен на Клиника, а по половина час починал.

Според пријавеното, на 06.05.2021 во 18.56 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 18.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Х.Х.(57) од Скопје, кој во 18.30 часот починал.

Полициски службеници од полициската станица Чаир извршиле разговор со Т.М.(24) од Горно Свиларе, кој заедно со Х.Х. бил донесен во болницата со тешки телесни повреди.

Тој изјавил дека околу 17.30 часот, додека извршувале работни задачи во приватна фирма, тој и Х.Х. се здобиле со повреди. За настанот биле известени Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе