Маж со тешки повреди пренесен во болница

Тетовец со тешки повреди бил пренесен во болница откако по кратка расправија , две лица пукале кон него и побегнале. 

„Вчера во 17.58 часот во СВР Тетово, Р.М.(38) од Тетово пријавила дека на ул.„Љуботенска" во Тетово, со патничко возило „мерцедес", со непознати регистарски ознаки дошле Н.Б.(31) и А.Б.(38), двајцата од с.Лавци, тетовско, и по кратка расправија со нејзиниот сопруг Ш.М.(40) од Тетово, испукале неколку куршуми кон него, по што го напуштиле местото на настанот.

Ш.М. бил пренесен во Клинички центар Тетово, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка" соопштуваат од полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе