Во скопско

Маж со секира ја нападнал сопругата додека спиела, подоцна го пронашле мртов

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во 06.18 часот било пријавено дека во нас.Дрма, скопско, во домот, В.Т.(61) со секира ја нападнал неговата сопруга П.Т.(57), додека спиела, по што со возило го напуштил местото на настанот.

„П.Т. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Во 10.02 часот било пријавено дека во нива во нас.Дрма, во патничко возило „даеву ланос“, со скопски регистарски ознаки, бил пронајден починат В.Т., со повреда на вратот“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе