Mаж со нож си ја убил 5 години помладата сопруга во Струга

Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка, вечерва во Струга, а потоа се обидел да се самоубие. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, жената им подлегнала на повредите на местото, а мажот е пренесен во болница во тешка состојба.

„Во 19 часот и 15 минути пријавено е дека во Струга, на улицата „Ристо Крле" при расправија со својот сопруг, С. Р. (34) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош, а Ј. Р. (39) е повреден и е пренесен во Општата болница – Струга“, изјави Димоски.

Брачниот пар имал и малолетни деца. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе