Маж приведен, прекршил судска забрана и отишол дома каде претходно вршел семејно насилство

Жител на неготинско село, вчера бил приведен бидејќи отишол во домот иако имал судска забрана за тоа поради претходно семејно насилство. За ова денеска информираше СВР Велес.

Полициски службеници од полициска станица во Неготино лишиле од слобода 39-годишен жител на неготинско село, поради сторено кривично дело по член 377 став 5 од Кривичниот законик, затоа што постапил спротивно на правосилна судска одлука од Основен суд Неготино, со која му била изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство и отишол во домот на семејството, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против него.

Од СВР Велес информираа за уште еден случај во кој кавадарчанец пред влезот на неговиот дом бил физички нападнат од сограѓанин. Се работи на расчистување на случајот.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе