Маж повреден при експлозија додека заварувал се бори за живот

Вчера во 14.45 часот во скопската полиција , Ј.И. пријавил дека на ул.„Бриселска" во куќата на неговиот сосед С.С.(92) имало експлозија и притоа бил повреден М.С..

Шеесет и четиригодишниот М.С. бил работно ангажиран од сопственикот на куќата и во моментот заварувал. Притоа во куќата избувнал оган кој бил изгаснат од страна на соседите.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди здобиени од експлозија од бренер за заварување и бил во животна опасност.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и извршен е увид.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе