Маж почина откако го прегазил автомобилот што го паркирал

Синоќа по полноќ било пријавено дека на автопатот Св.Николе – Скопје, пред наплатната станица Миладиновци, се случил сообраќајна незгода со фатални последици. Автомобил кој бил паркиран се придвижил наназад и го прегазил сопственикот на возилото. 

Како што информираат од МВР, автомобил ауди, со скопски регистарски ознаки, управуван од 58-годишник, запрел, по што возачот излегол од возилото.

Во еден момент автомобилиот се придвижил наназад и со задниот дел го притиснал човекот во банкината на патот, по што 58-годишникот починал на самото место.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе