Маж од Неготино заврши во притвор по напад на полицаец

Маж од Неготино бил лишен од слобода поради физички напад врз полициски службеник, соопшти денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Вчера околу 09:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода М.Н.(29) затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Додевски.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе