Маж од Глумово најден починат во стан

МВР информираше дека вчера во 23:35 часот во СВР Скопје, Б.Е.(22) од село Глумово, скопско, пријавил дека околу 23:30 часот во негов стан сопственост на подрачје на Бит Пазар го пронашол починат 60-годишниот Љ.Р. од Скопје кој престојувал во станот и за кого се грижел тој.

Лекар од доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено во судска медицина-Скопје за обдукција.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе