Полициски службеници од Полициската станица Делчево на 31 октомври 2020 во 06:45 часот го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од жител на Делчево дека во 01.30 часот врз негова роднина во нејзиниот дом во Делчево, пријавениот извршил обљуба врз неа, се вели во полицискиот извештај.
Обљубата како што навело лицето кое го пријавило случајот е извршена под закана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.