ДОДЕКА МЕСТЕЛ ОЛУЦИ

Маж настрада од струен удар

Вчера околу 11.30 часот во Струга на ул.„Едвард Кардељ" местејќи олук настрада Г.М. (44) од Охрид.

44-годишниот Г.М. неговиот брат А.М. и М.П. сите вработени во „АМГ Дизајн 2013“, извршувале градежни работи, местеле олуци, на куќата на Ј.Б., при што Г.М. со олук допрел електрична жица од далековод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде се наоѓал, при што добил електричен удар и паднал.

Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Општата Болница во Струга, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од струшката полиција.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе