Поведена постапка за полов напад

Маж извршил полов напад врз детето на невенчаната сопруга

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Осомничениот во повеќе наврати во текот на годинава извршил полови дејствија врз детето на неговата невенчана сопруга.

Случајот, по добиените определени сомнежи и сознанија, бил пријавен од службени лица од Центарот за социјални работи во Кичево.

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка поднел предлог за определување притвор имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе