Сообраќајна контрола во Скопје

Масовно се вози без возачка дозвола

Сообраќајната полиција за време на вчерашната контрола откри 51 возач без возачка дозвола и 38 нерегистрирани возила..

Полицијата во Скопје за време на вчерашната сообраќајна контрола открила 51 лице кои управувале возила без положен возачки испит. Исто така голем е и бројот на откриени возачи кои не ги регистрирале своите возила, а со нив се движеле по улиците. Нерегистрирани биле 38 возила.

Само за време на контролата во Арачиново и Ченто за возење без возачка дозвола се изречени 34 мерки и 25 за неисправни и нерегистрирани возила.

На територијата на Скопје казнети се и 85 возачи поради паркирање на недозволени места, а за 23 лица се изречени глоби поради неносење на заштитна маска на лицето во возило.

Само на територијата на Скопје биле санкционирани вкупно 348 возачи.
Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот и ги предупредува дека продолжува со засилените контроли.

 

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе