Во полициска акција

Марихуана вредна 200 илјади евра пронајдена во камион на патот Прилеп - Градско (ВИДЕО)

Во полициска акција извршена еден час по полноќ на патот Прилеп - Градско во камион со албански регистерски таблички е пронајдена дрога - марихуана вредна 200 илјади евра, со тежина од околу 50 килограми, наменета за црниот пазар во Грција. МВР вели дека е пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога. Возачот на камионот се обидел да ги поткупи полицајците. 

МВР информира дека во заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Прилеп –Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп, денеска околу еден часот по полноќ запленета е дрога вредна околу 200.000 евра.

Крајната дестинација на дрогата била Грција, а приведено е едно лице, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„Од страна на сообраќајна патрола од ОВР Прилеп  на регионалниот пат Прилеп-Градско, во близина на бензинска станица, било сопрено товарно моторно возило „ман" со албански регистерски таблички, управувано од Б.Ј. (40) државјанин на Албанија. При контролата, од страна на албанскиот државјанин на полициските службеници им биле понудени пари за да не извршат службени дејствија за контрола на возачот и возилото. Од страна на полициските службеници извршена е контрола, при што во приколката се пронајдени две големи торби во кои биле сместени 50 пакувања со марихуана во вкупна тежина од околу 50 килограми. Проценетата вредност на дрогата е околу 200.000 евра. Возачот е лишен од слобода и во текот на денот со кривична пријава ќе биде предаден на ОЈО Прилеп", информира Ангеловски.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе