Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.М.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во 20.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.Б.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Истиот ден во 13.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.К.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож.
А околу 22.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Џ.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во 12.45 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Б.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на случајот против сите, вели МВР ќе бидат поднесени соодветни пријави.