Марихуана, семе, дробилка и стари монети најдени во еден дом во Пехчево

Марихуана, дробилки и стари монети најдени во домот на жител на Пехчево кој е приведен, соопшти МВР.

Полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода С.А.(38) од Пехчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе исушени листови од растението канабис, дробилка, повеќе семки од растението канабис и повеќе стари монети со различна форма и големина, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе