Полициски службеници од СВР Штип вчера го лишиле од слобода триесет и тригодишниот штипјанец К.Т. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
К.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.