Марихуана и кокаин во угостителски објекти во Гостивар и Делчево

Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Е. (29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори".

На 30 мај во село Неготино, Гостиварско, полициски службеници извршиле претрес во угостителски објект на пријавената, при што пронашле и одзеле кокаин.

Иполицијата од Делчево поднесе кривична пријава против 17 – годишен малолетник од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 8 јуни пред угостителски објект во Делчево полициски службеници извршиле претрес на пријавениот, при што пронашле и одзеле мешавина од марихуана и тутун.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе