Малолетник украл златно ланче од жена додека чекала автобус во Карпош

Малолетник од Скопје е приведен вчера од полицијата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба" на дрзок начин.

МВР информира дека малолетникот вчера околу 15.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош одзел златен ланец од вратот на жена.

Со малолетникот бил извршен службен разговор од полициски службеници од малолетничка деликвенција. Од страна на оштетената пријавениот малолетник бил препознаен како сторител на кривичното дело.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе