Малолетник украл паричник, полицијата го фати и го врати кај сопственичката

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 12:30 часот по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 17-годишниот М.З. од Штип, затоа што околу 11.50 часот на ул.„Сутјеска" пред влезот на градскиот пазар во Штип, физички ја нападнал 65-годишната З.М. од Штип и насилно и го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи.

Полициски службеници го одзеле украдениот паричник и истиот со парите и лични документи го вратиле на оштетената З.М.

Се работи на комплетирање на случајот, по што против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе