Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Седумнаесет годишно момче од Охрид е тешко повредено откако учествувало во сообраќајна несреќа.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила во 15.30 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид помеѓу автомобил „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(71) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од Охрид.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му била укажана лекарска помош“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе