на локалниот пат Тетово-Требош

Малолетник тешко повреден откако возило излета од патот

Седумнаесетгодишник од селото Добарце, Општина Желино е тешко повреден синоќа во 21 часот и 55 минути во сообраќајка на локалниот пат Тетово-Требош, откако излета возилото во кое бил сопатник.

Автомобилот го управувал две години постаро момче од истото место.

„На локалниот пат Тетово-Требош патничко моторно возило „Форд" со италијански регистарски ознаки управувано од 19-годишниот Е.Р. од тетовско Добарце излетало од коловоз. Во несреќата, сопатникот во возилото, 17-годишник од истото село здобил тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, а возачот телесни повреди“информира СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе