Малолетник со мопед тешко повреден откако во него удрил автомобил

Малолетник се здобил со тешки повреди откако во мопедот со кој управувал удрил автомобил, соопшти МВР.

Од МВР информираат дека вчера во 17:47 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Драган Стопаревиќ" се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило БМВ, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(47) од Куманово и мопед „априлја", со кумановски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник.

Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово - информира полицијата.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе