Малолетник пукал со ловна пушка и тешко го повредил неговиот братучед

Вчера во полициска станица Прилеп пријавено е дека во Јавна здравствена установа „Борка Талески“ во Прилеп е донесен малолетник од с.Пресил, крушевско, со тешки телесни повреди од огнено оружје.

Увид извршила увидна екипа на ПС Крушево и ПС Прилеп, при што било констатирано дека во с.Пресил, во семејната куќа на Џ.И.(43), кој во моментот не бил дома, неговиот малолетен син истрелал од ловна пушка, која ја поседувал Џ.И., при што го повредил малолетниот братучед.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе