Малолетник приведен под сомнение за сторени тешки кражби

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба денеска привеле малолетник од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба".

Како што информираат од МВР, со лицето е извршен разговор, при што се расчистени три кривични дела „тешка кражба" извршени на 8 септември 2020 во продажен објект, при што се одземени повеќе разновидни производи, на 9 септември 2020 во продажен објект, при што се одземени парични средства и на 18 ноември 2020 во викенд куќа во населба Дрма, при што се одземени разни предмети.

Од МВР додаваат дека по комплетирање на службениот материјал и негово документирање, против него ќе следи соодветна пријава.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе