Во Куманово

Малолетник претепан на улица

На 25 ноември во 23.15 часот, М.Б. (42) од Куманово пријавила дека истиот ден околу 21.30 часот на ул. „Методија Андонов-Ченто" нејзиниот 16-годишен син физички бил нападнат од неколку непознати лица.

Напаѓачите го удирале со тупаници и клоци во пределот по телото и главата по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе