Малолетник осомничен дека извршил 13 кривични дела

СВР Струмица – Отсекот за општ криминалитет до Основно јавно обвинителство во Струмица ќе поднесе соодветен поднесок против 13-годишен малолетник од Струмица, поради основано сомнение дека извршил 13 кривични дела тешки кражби, кражби, разбојништва и одземање на моторни возила и велосипеди, извршени во Струмица, Радовиш и во Кочани, соопшти МВР.

Малолетникот кривичните дела, за кои се обезбедени и материјални докази, ги направил во последните два месеца на територијата на Струмица и населените места во Струмичко, во Радовиш и во Кочани. Тој бил повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор, посочуваат од МВР.

По комплетното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе