Малолетник од Тетово почина по удар од автомобил

Малолетник од Тетово починал како последица од повреди од сообраќајна несреќа, информира МВР.

Вчера во 18:00 часот било пријавено дека на ул.„Видое Смилевски-Бато" во Тетово, патничко возило „фолксваген голф", со тетовски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот З.В. од село Фалише, тетовско, удрило во малолетен пешак од Тетово.

По незгодата пешакот бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, соопшти полицијата.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе