ВО ТЕТОВО

Малолетник креирал Фејсбук профил на починат човек и им пишувал на роднините

Полицијата поднесе известување против 15-годишник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци.

На 5 јули  А.И. од Тетово пријавил дека непознато лице-корисник креирал профил на социјалната мрежа Фејсбук и користел лични податоци од неговиот татко, кој веќе бил починат и им пишувал на роднините и пријателите.

Од страна на СВР Тетово, во содејство со Телеком АД Скопје,  утврден бил уредот и IP адресата на пријавениот. При извршениот претрес во неговиот дом  одземени се предмети кои се поврзани со кривичното дело, соопшти полицијата .

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе