Малолетник крадел пари од продажен објект, фатен е на лице место

Полициски служебници вчера во 15 часот на ул. 11 Октомври" во Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект.

Како што информираа од МВР, тој бил приведен во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен разговор и му биле одземени пари кои потекнуваат од кривично дело.

За настанот бил известен јавен обвинител и Јавната установа центар за социјални работи Скопје, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе