Малолетник кој управувал моторцикл е тешко повреден во сообраќајка

Еден малолетник е повреден во сообраќајна незгода во Тетовско во која и вториот учесник е лице со помалку од 18 години. Незгодата се случила на регионалниот пат Тетово-Пирок каде вчера имало две сообраќајки.

„На регионалниот пат Тетово – с. Пирок, поточно во село Камењане, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв" со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Тетово и мотоцикл „зонг ненг" со тетовски регистарски ознаки, исто така, управуван од малолетно лице од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малоленикот кој го управувал мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Тетово“, информираат од СВР Тетово.

Претходно во текот на денот околу 13 часот на истот пат Тетово-Пирок се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф" со тетовски регистарски ознаки и мотоцикл „баотијан" со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(68) од с.Ломница, гостиварско, кој се здобил со тешки телесни повреди.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе