Полицајци ги лишиле од слобода Ш.Љ.(20) и еден малолетник, двајцата од Скопје во моментот кога биле затекнати при извршување „тешка кражба" во објект на правно лице на улицата „Македонија", соопшти МВР и информира дека одземените предмети му се вратени на сопственикот.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.