Два дена откако си заминаа од дома

Малолетниците кои побегнаа да живеат заедно оти биле во врска се вратија дома

Двајцата малолетници за кои вчера беше пријавено дека во саботата се оддалечиле од дом во Велес, а побегнаа со образложение дека биле во љубовна врска и сакале да живеат сами, се пронајдени и вратени дома, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Како што претходно соопшти МВР, на 15.03.2019 во 22.00 часот во ПС Куманово, Р.Х.(44) од Куманово пријавил дека неговата 14-годишна ќерка А.Х. се оддалечила од домот.

Истиот ден, околу 21.20 во ПС Велес, Т.Ј.(40) од Велес пријавил дека околу 19 часот, во неговиот дом дошла токму А.Х., која била во љубовна врска со неговиот син А.Ј. (15). А.Х. неколку пати претходно доаѓала во куќата.

Двајцата малолетници му кажале на Т.Ј. дека сакаат да живеат заедно, по што Т.Ј. им кажал дека ќе ги пријави во полиција затоа што се малолетници и не сака да има проблеми со полицијата. По тоа малолетниците излегле од домот.

Веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници на СВР Велес за пронаоѓање на А.Х. и А.Ј. и синоќа (17.3.2019) малолетниците се вратени во домовите, додава МВР во соопштението.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе