На 20 ноември околу 12.35 часот во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово затоа што претходно противправно одзеле патничко моторно возило „фолксваген голф", со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица „Борис Кидрич" во Тетово, а со кое нешто подоцна предизвикале сообраќајна незгода, информираат од МВР.
Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот М.В.(51) од Тетово. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.