Полицијата истражува настан од Тетово

Малолетници тепале дете, па снимката на објавиле на социјалните мрежи

Тетовската полиција работи на случај по пријава во кој повеќе малолетници тепаат едно дете, а настанот го снимиле и го објавиле на социјалните мрежи на интернет. Станува збор за настан што се случил во Тетовското село Пршовце пред околу еден месец.

„Вчера 45-годишник од Тетовско Пршовце во СВР Тетово пријавил дека пред околу еден месец неговиот малолетен син во селото бил физички нападнат од повеќе малолетни лица, негови соселани, а потоа снименото видео за овој напад било објавено на социјалните мрежи. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот и против инволвираните ќе следат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски“, портпарол на СВР Тетово.

Тетовската полиција и вчера бележи пријава за напад врз малолетник кој се случил на 3 мај. Жител на Отушиште пријавил во полиција дека во Тетовско Теарце неговиот малолетен внук бил физички нападнат од лице од Пршовце.

Според пријавеното, напаѓачот употребил и дрвен предмет.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе