Малолетници предизвикале пожар во скопска Кисела Вода

Вчера во 13.28 часот во полициската станица Кисела Вода било пријавено дека настанал пожар во малата спортска сала од основно училиште.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита излегла на местото, но немало потреба од интервенција, бидејќи  пожарот веќе бил изгаснат.

Според пријавеното, на местото биле затекнти двајца 11-годишни малолетници, кои признале дека се обиделе да запалат два душека за вежбање во салата, а потоа со вода го изгаснале огнот.

Увид извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе