Малолетничка со велосипед тешко повредена откако ја удрил автомобил

Патничко возило „Даеву" управувано од 22-годишен жител на скопски Љубин синоќа удрило во велосипед управуван од малолетничка, која поради здобиените повреди е префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР. 

Синоќа во 19.20 чaсот на крстосницата од ул.„1" и ул.„5" во с.Љубин, скопско, патничко возио „даеву", со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(22) од с.Љубин, удрило во велосипед управуван од малолетничка од с.Сарај, скопско.

Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза".

Полицијата извршила увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе