Хорор во Скопје

Малолетничка пријавила дека ја силувал нејзиниот татко

Тринаесетгодишно девојче од Скопје пријавило во полиција дека нејзиниот татко ја силувал и дека физички и психички ја малтретирал. Според информациите на МВР, девојчето доцна синоќа, околу 1:55 часот, во полициска станица пријавило дека во повеќе наврати била физички, психички и сексуално злоупотребувано од нејзиниот татко Е.Ф.(50).

Тој бил приведен и задржан во полициска станица. Од МВР велат дека за настанот е известен јавен обвинител и Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Девојчето е згрижено и заштитено и од страна на стручен тим укажана му е психосоцијална помош, што во континуитет ќе ја добива.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе